дома Македонија (Видео) Ангелов полeта со хеликоптер: И утринава воздухопловните летала вклучени во справувањето...

(Видео) Ангелов полeта со хеликоптер: И утринава воздухопловните летала вклучени во справувањето со огнената стихија – најcepиозно во Македонски Брод и Пехчево

Во секој момент се очекува да започне Владината седница на која ќе биде прогласена кризна состојба поради големите пожари кои ја зафатија Македонија. Состојбата и натаму е алармантна, а во гаснењето на пожарите ангажирани се сите расположливи капацитети на локалните власти, ЦУК, војската, полицијата и граѓаните.

Утринава директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов објави видео на кое се гледа како тој заедно со уште четири хеликоптери полетува, со цел справување со огнената стихија.

На видеото нема дополнителен коментар за да знаеме каде се упатиле воздухопловните летала, но знаеме дека во моментов во Македонија има активни 10 пожари, а најсериозна е состојбата во Општина Македонски Брод, како и во регионот на Пехчево и Делчево.