дома Македонија (видео) АНКЕТА: Битолчани разочарани од ,,животот”, коментираат 1 улица 1 година прават!

(видео) АНКЕТА: Битолчани разочарани од ,,животот”, коментираат 1 улица 1 година прават!

Битолчани се разочарани од градоначалничката Наташа Петровска, покажува последната анкета на ТВ 24 вести од Широк Сокак. Тие велат дека градоначалничката во предизборието им ветувала многу решени проблеми за Битолчани, а сега им останале само нејзините неисполнети ветувања.

Дури и граѓаните од редовите на СДСМ се против Наташа Петровска. Имено, во видеото се појавува и таткото на претседателот на ОО на СДСМ Битола, Методија Тасевски. Тој вели дека Петрова треба да си даде оставка.

„Да си даде оставка. Нема ништо направено во градов“, вели таткото на претседателот на СДСМ во Битола.

Битола за време на владеењето на СДСМ и градоначалничката Петровска е еден од градовите со најниска комунална хигиена, несреден Клинички Центар и недоправени улици. Граѓаните се жалат на сиромаштија и на невработеност. Тие велат дека Битола е уништена: „Беспарица и уништена Битола, веќе ништо немаме во Битола“, вели една госпоѓа од испитаниците.