November 29, 2022, 3:36 pm

(Видео) Арсовски: Само имотот на АД Славија во Кисела Вода чини над 4 милиони евра

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Денеска продолжуваме со таканаречениот теренскиот попис на АД Славија. Да повториме, власта на СДСМ предводена од Зоран Заев и пиунот Димитар Ковачевски сака да ја продаде АД Славија за 218.535 евра без никаква проценка од ниту една институција, обезвреднета, а целата фирма со својот имот и земјишта чини повеќе од 20 милиони евра, ова денеска преку изјава за медиумите го истакна Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ.

-Овој имот позади мене старите магацини на Славија во Кисела Вода кој е во сопственост на АД Славија, според официјалната проценка од 2016 година чини над 4 милиони евра. Ова е еден од објектите кој е една од најкрупните причини за продажба на АД Славија, како атрактивна локација за градење каде што согласно плановите треба да никнат згради како што може да видите и во околината. Предвидена урбанизација, тоа го насетил некој од власта и сака обезвреднета фирма да купи за 218.535 евра и да заработи 10тици милиони евра. Ако земеме во предвид атрактивноста на локацијата и земјиштето, цената на ова земјиште кое што припаѓа на Славија може да скокне многу над 4 милиони евра наредните години. Замислете, целата криминална багра во власта предводена од Зоран Заев и сега веќе од пиунчето Димитар Ковачевски, за 218.000 евра сака да продаде и некој нивни да ги купи овие атрактивни локации, како оваа позади мене со магацинските простори, но и управната зграда на АД Славија, каде што можевте вчера да забележите за каков имот станува збор, а јавноста наредните денови ќе дознава и за многу други атрактивни локации кои што ги намерачиле, вели Арсовски.

Тој додава дека сакаме уште еднаш да апелираме, до сите оние кои што кружат како имиња замешани во цел овој криминален процес во најава, тука ќе ги споменам, прв Зоран Заев, ќе го споменам Фатон Асани, кој што излезе да го брани овој криминал во најава јавно на телевизија, ќе го потсетам Љупче Николовски – Путерот дека треба да лови корупција, а не да ја организира, ќе го споменам од познати причини кој што се интересира за АД Славија и Рубин Земон актуелен пратеник од СДСМ – кој наоколу уличарски организира продажба, и сите овие луѓе да не си играат, да прекинат со овие криминални глупости и да ја повлечат продажбата.

-Славија вреди над 20 милиони евра, а не 218.000 евра. Антикорупциската да не спијат, бидејќи сите ќе бидат соучесници доколку се случи ваков криминал. И по падот на власта треба да се свесни овие луѓе дека и утре дента ќе има ден.Тогаш треба да бидат свесни дека ќе одговараат и ќе заглават дебело за ваков криминал кој што сакаат да го направат, вели Арсовски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This