дома Македонија (видео) АРХИВА: Како Украинците се справуваат со корумпираните пратеници

(видео) АРХИВА: Како Украинците се справуваат со корумпираните пратеници

Тројца украински националисти го фрлија пратеникот Виталиј Журавски во контејнер и го затворија поклопецот пред околу 500 ултрадесничари кои протестираа пред Врховната рада во Киев.

Журавски е поранешен заменик градоначалник на главниот град и советник на поранешниот претседател Виктор Јанукович.

Тој непосредно пред инцидентот зборувал со „возвишени зборови“ за почитувањето на европските вредности затоа што бил познат како „штитеник на европска Украина“.