дома Македонија (Видео архива) Мрме го moли cyдијата за „кpaј“: По пласманот на ЕП,...

(Видео архива) Мрме го moли cyдијата за „кpaј“: По пласманот на ЕП, Пaндeв во coлзи

Мечот против Грузија на гостински терен во ноември ќе остане запишан во историјата на македонскиот репрезентативен фудбал.

Нашиот национален тим преку победата над Грузија во Лигата на нации, обезбеди учество на ЕП, а својот прв натпревар го игра утре против Австрија.

Единствениот погодок го постигна капитенот Горан Пандев во второто полувреме, а последните секунди од мечот беа тензични, особено кај македонската клупа.

Селекторот Ангеловски бараше неговите фудбалери да ја исфрлат топката надвор од поле, за подоцна да гестикулира со рацете и да го моли судијата да свирне крај со Грузија.

После тоа, следуваше голема прослава на нашата репрезентација и неизбежни беа солзите радосници на капитенот Пандев.