дома Занимливости (Видео) Архитектонско чудо: Отворен првиот подводен кpyжен тек во Атланскиот океан

(Видео) Архитектонско чудо: Отворен првиот подводен кpyжен тек во Атланскиот океан

Градежните работи на првиот подводен кружен тек се завршени. Кружниот тек е во склоп на 11 километри долгиот тунел кој во Атланскиот океан ги поврзува два од 18 Фарски острови.

Кружниот тек наскоро ќе биде отворен и не само што ќе служи за сообраќај, туку ќе биде разубавен со делата на уметникот Трондуро Патурсон.

Во најдлабокиот дел, тунелот “Ејстуројар” лежи на 189 метри под морското ниво.

Парламентот на Фарските острови во 2014 година ги одобри плановите за изградба на тунелот кој треба ја поврзува престолнината Торшавн со две места на островот Ејстуројар – Рунавик и Стрендуро.