дома Свет (Видео) Бајден се расплака за време на говорот

(Видео) Бајден се расплака за време на говорот

Бајден се бореше со солзите додека зборуваше за својот покоен син Бо и се заблагодари на својата матична држава, која ја претставуваше како сенатор повеќе од 30 години.

„Единствено жалам што не е тука“, рече Бајден за неговиот син, државен адвокат, кој починал од тумор на мозокот во 2015 година.

„Простете ми за емоциите, но кога ќе умрам во срцето ќе ми пишува Делавер “, додаде Бајден, познат како политичар кој не ги крие своите чувства, особено по повеќе семејни трагедии.

Неговата склоност кон понекогаш емотивна реторика е спротивна на онаа на Доналд Трамп, чии говори се најпознати по злобните напади врз медиумите и политичките противници.

Инаугурацијата на Бајден е придружена со безбедносни проблеми откако беше нападната зградата на Капитол на почетокот на овој месец. Илјадници припадници на Националната гарда веќе се распоредени во главниот град. Трамп рече дека нема да дојде на инаугурацијата.