February 6, 2023, 3:45 am

(Видео) „Бетмен велиТ“ – Пцовиcaло магаре

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Богдан Илиевски-Бетмен, во најновото издание на „Бетмен велиТ“ ги коментираше превртливте ставови на власта, која не еднаш докажала дека не може да и се верува.

Поконкретно, стануав збор за резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ со која се утврдуваат црвените линии на Македонија во преговирите со Бугарија, а која власта на чело со Зоран Заев неколку дена одбиваше да ја прифати и ја нарекуваше антидржавна и доказ за несигурноста на опозицијата, за потоа, да се премисли и да се согласи да ја поддржи онаква каква што е, без никакви забелешки за нејзината содржина.

„Ако денеска излезевте во вашиот град и забележавте пцовисано магаре, не грижете се, магарето веројатно не е пцовисано, туку само е истренирано да изгледа како да е. Овој тренинг помага во ситуациите кога нашиот народ, низ годините доживувал ситуации кои се многу чудни, па ја користел синтагмата пцовисало магаре за да опише нетшто што му е тешко опишливо, чудно, но ете некако му причинува позитивно изненадување. А причините зошто, условно речено имаше цвисано магаре по улиците на нашиот градови, не е затоа затоа што некој им ја забетонирал тревата за пасење, туку затоа што после четири дена, магарешки инат, владеачката партија се согласи да ја прифати резолуцијата за исцртување на македонските црвени линиииво спорот со Бугарија која ја понуди ВМРО-ДПМНЕ“, велиТ Бетмен.

Тој потсети на настаните кои не доведоа во ситуацијата во којашто сме денес во односите со Бугарија, а за која директно е виновна актуелната влада односно договорот кој таа го потпиша во август 2017 година. 

Договорот за добрососедство со Бугарија, членка на европската унија со право да ни става вето, а во кој беа ставени клаузули за формирање на историски комисии за таканаречената заедничка историја со која се фалеше и премиерот Заев, или, како што изјави тој во интервјуто за БГнес:

„Оти ние немаме споделена историја, немаме ни вкрстена историја, ние имаме заедничка историја. И тоа е заедничка“

Кога јавноста која ги познава приликите реагираше дека со потпишување на ваков договор со кој ќе се чепка историјата, се отвара патот Македонија да биде уценувана со таа историја и идентитетот на патот кон ЕУ, таквите забелешки од власта беа отфрлани како антидржавни и против напредокот на МАкедонија. Или со други зборови падна команда дека магарето лета, па мораше да лета и договорот да биде славен како голем успех или како што рече Шекеринска:


„Даваш команда, како велат магарето лета, лета“…

И што се случи потоа, за жал сите добро знаеме. Магатрето леташе неколку пати пред датум особено неколку пати пред избори, за на крај да се потврди сепак, дека, не може да лета, бдејќи е магаре, Но бидејќи е магаре, располага со легендарниот магарешки инат, па оттаму и способноста упорно да тврди дека црното е бело, а зеленото е црвено.

„Инатливо лажење би рекол, баш како она на премиерот Заев, за сите оние датуми што не ги добивме поради блокадата на Бугарија“, велиТ Бетмен.

Таа блокада ја добивме благодарение на Договорот за добрососедство кој оваа влада го потпиша, а во кој стои дека ќе се чепка историјата.
Така доаѓаме до денес, поточно неколку дена наназад, втори јули, кога претседателот Мицкоски, ВМРО-ДПМНЕ ја најави резолуцијата за македонските црвени линии и побара поддршка од сите партии за да се изгласа во парламентот.

Но, како на тоа реагираше власта.

„Ако Мицкоски не е сигурен во својот идентите, во јазикот кој го зборува, нема отреба да поднесува резолуции. Македонскиот јазик и македонскиот идентитет се меѓународно потврдени ипризнаении нема потреба од каква било расправа за тие прашања, особено не во македонското собрание“, изјави СДСМ преку партиско соопштение.


Колку се македонскиот јазик и идентитет и меѓународно потврдени поради блескавите политики на нашата власт, и видовме и чувме минатата недела, со изјавата на португалската министерка, но и поранешниот бугарски премиер, кои зборуваа за за северномакедонскиот јазик.

Но и ова не им пречеше на инатливите од власта и ден потоа на трети јули да тврдат дека нема потреба од било каква расправа по тие прашања, се мисли на идентитетски, особено не во македонското собрание. Од СДСМ уште велат дека Христија Мицкоски бил до толку изгубен во своите блокади што барал собранието да разговара дали сме Македонци кои зборуваат македнски јазик и имале македонски идентитет и посебност.

Ден подоцна, на 4ти јули, ново соопштение на СДСМ, истата расипана плоча:

„Очигледно само Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, не биле сигурно во тоа дека македонскиот идентитет и јазик биле меѓународно признати и потврдени“
Уште да додаделе тука дека се така добро меѓународно потврдени благодарение на блескавите политики за Заеви на цела влада. Тие повторно инсистираа на 4 јули дека немало потреба од било каква расправа за тие прашања, особено не во македонското собрание.

И денес, 5ти јули, тотален пресврт, или што би рекол народот, пцовисало магаре..

Денес СДСМ вели дека ја прифаќа резолуцијата, таква каква што ја виделе во медиумите. Таква кава што беше, антидржавна и доказ за несигурноста.

„ВМРО-ДПМНЕ треба официјално, до секој пратеник да ја испрати резолуцијата, секако ние, како што реков, како одговорно мнозинство ќе ја прифатиме таква каква што ја гледаме во медиумите“, изјави денес портпаролот на СДСМ, Костадинов.

Што значи сега ова, кој е несигурен?
И СДСМ ли не е сигурен во својот идентитет па затоа ќе ја прифати резолувијтата? Дека, како што би рекле, СДСМ со прифаањето на резолуцијата работи против државните интереси. Дали овие соопштенија со кои СДСМ тврди дека резолуцијата е продукт на несигурни луѓе, доаѓаше од истите лица?

Или па можеби сфатија дека не си веруваат самите на себе, па после четири се повлекоа, поради што по македонските улици беа забележани пцовисани магариња.

Внимателно, внимателно, не сѐ она што го гледате е вистина, некогаш е само перцепција. Односно, едно можно решение на мистеријата на повисаните магариња може да дојде од Лидија Димова,и тренерите на Магариња, а тоа е дека магарето не е пцовисано, туку дека глуми.

Оние кои не учеле латински преку дигитлните учебици ја знаат поговорката „Timeo Danaos et dona ferentes“, или „Не верувај им на Грците, и тогаш дарови кога носат“

Дали конечно ќе имаме црвени линии, тоа е прашањето над сите прашања во моментов?

Nо кога поддршката доаѓа од луѓе како Заев, кој се колне дека додека дише нема да се промени уставот ниту пак, уставното име.

Секоја резерва кон променетиот став, е сосема очекувана…

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This