дома Македонија (Видео) БИТОЛА ЌЕ ПРОПЗНАЕ ДЕКА СИЉАНОВСКА НУДИ КОНЦЕПТ ЗА ПРАВДА ВО МАКЕДОНИЈА:...

(Видео) БИТОЛА ЌЕ ПРОПЗНАЕ ДЕКА СИЉАНОВСКА НУДИ КОНЦЕПТ ЗА ПРАВДА ВО МАКЕДОНИЈА: Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ во кампања во битолско

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски денеска е во посета на градот Битола и околните населени места. Во Битола тој ќе се сретне со коалиционите партнери на ВМРО-ДПМНЕ како и со граѓаните од битолско.

-Денес сум во Битола во посета на градот и околните места. Веќе бевме во новиот пазар кај Веро, сега сме тука на Широт Сокак ќе имаме средби и со коалиционите партнери на ВМРО-ДПМНЕ кои имаат своја структура тука во Битола. Во попладневните часови, покрај состаноци со партиската структура ќе посетиме и други населени места во Битола, ќе поразговараме со луѓето, околу концептот и програмата на професорката Гордана Сиљановска Давкова. Се надеваме дека во Битола повторно ќе имаме победа, повторно голем успех. Се надеваме дека Битола ќе препознае дека Гордана Силјановска Давкова насушно нуди концепт за правда кој што и е потребен на Македонија, вели Николоски.