дома Македонија (видео) БОГОЕВ СО ВИЦОВИ СЕ БОРИ ПРОТИВ ЗАГАДУВАЊЕТО: Тројцата другари на Богоев...

(видео) БОГОЕВ СО ВИЦОВИ СЕ БОРИ ПРОТИВ ЗАГАДУВАЊЕТО: Тројцата другари на Богоев што се з адушиле од чист воздух на Шара

Една од омилените теми на СДСМ, додека беа во опозиција, беше загаденоста на Скопје и на Република Македонија. И тогаш имаа безброј „креативни решенија“ против ова зло. А за да му олеснат на народот кој „тешко дишеше“ од загадениот режимски воздух, раскажуваа и вицови.

На еден од тие вицови, потсетува и порталот Маркукуле, преку видеото кое го позајмивме од нив. Главен виц-мајстор беше тогашниот пратеник на СДСМ, Стефан Богоев, а сега градоначалник на Општина Карпош.

Погледајте и слушнете што зборуваше во 2015 година опозиционерот Стефан во Собранието на Република Македонија, а потоа излезете надвор, вдишете воздух, и почувствувајте што направија градоначаникот Богоев и СДСМ, како власт, „за живот“ со „чист воздух“.

Тие што ќе го преживееме загадувањето, имаме прилика да умираме од смеење на вицовите на СДСМ.