дома Македонија (Видео) Борисов до Македонија: Не сме биле окупатop на никого, со антибугарска...

(Видео) Борисов до Македонија: Не сме биле окупатop на никого, со антибугарска peторика нема ЕУ

Бугарскиот премиер Бојко Борисов уште еднаш побара од Македонија да се откаже од „антибугарската реторика“ ако сака да оди напред и притоа да ја има поддршката од Бугарија.

„Антибугарската реторика што тие ја користат треба не само да биде забранета, туку мораат да бидат убедени дека таа не е вистинита. Не им реков случајно дека, кога некој од нив вели оти Бугарија е фашистички окупатор, тогаш тоа во Бугарија значи дека ние не треба да им помагаме на никаков начин. Не сме биле окупатор на никого и не треба да се менува историјата. Фашизмот ја зафатил тогаш цела Европа и да ѝ биде лепена таква етикета на Бугарија никогаш нема да допуштам. Како и, се разбира, за читањето на историјата. Читањето на историјата е такво какво што го кажале историчарите и какво што ние со векови сме го прифатиле. Големи бугарски градови се викаат Гоце Делчев, Сандански, така што компромиси за такви нешта нема. Ако сакаат да одат напред, јасни се европските перспективи, јасни се вредностите“, изјави Борисов во Загреб, каде што се сретна и со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на маргините од самитот на Европската народна партија (ЕПП).

Изјавата за Македонија е по 2:15 минути од почетокот на снимката објавена на Фејсбук-страницата на Борисов: