дома Европа Видео: Британскиот министер за здравство позитивен на KOBид-19 со поблаги симптоми поради...

Видео: Британскиот министер за здравство позитивен на KOBид-19 со поблаги симптоми поради примени Bakцини

Новиот британски министер за здравство, Саџид Џавид, денеска соопшти дека е позитивен на Ковид-19, но има благи симптоми бидејќи примил две дози на вакцина против вирусот.

„Утрово бев позитивен на ковид“, напиша тој на „Твитер“, додавајќи дека направил брз тест и чека потврда од ПЦР-тестот, за кој е потребна обработка во лабораторија, објави „Ројтерс“.

„Го чекам мојот резултат од ПЦР, но за среќа сум вакциниран и имам благи симптоми“, истакна Џавид.

Поранешниот британски министер за финансии, Џавид, неодамна беше именуван за министер за здравство, откако таа позиција остана празна по скандалот со претходниот министер, Мет Хенкок.