дома Актуелно (Видео) Бomбa нa зaмeниkoт на 3axapиева: Бугapија нe e eдинcтвeната дpжaва коja...

(Видео) Бomбa нa зaмeниkoт на 3axapиева: Бугapија нe e eдинcтвeната дpжaва коja гo блокиpa члeнcтвото нa Maкедонија вo EУ

заменикот министер за надворешни работи Георг Георгиев ја шокираше македонската јавност со својата изјава за неотпочнувањето на преговори на Македонија со Европската Унија. Според него Бугарија не е единствената држава која го блокира нашето членство во Унијата. Говорејќи за проблематиката Георгиев спомена две држави, Холандија и Франција.

-Се отвара прашањето дали Бугарија е единствената држава на ниво на Европската Унија која го блокира Република С. Македонија? Да се вратиме само неколку месеци наназад кога имаше и други држави кои ги иразија своите резерви за отпочнување на преговорите со Македонија. Холандија беше, Франција беше така да на никаков начин, ние не сме единствената држава која го блокира членството на Македонија во Европската Унија.

Да се потсетиме дека овогодинешното фијаско на Владата кога станува збор за членството во ЕУ не е единствено. Минатата година токму Франција за која говори Георгиев пресуди за европската иднина на Македонија. Инфомакс повеќе пати ја отвораше дилемата дали само Бугарија стои зад ветото во ЕУ имајќи ја во предвид сериозната политичка криза во која се наоѓа ЕУ поради пандемијата и неможноста да го изгласа буџетот за 2020 година. По се изгледа дека ќе почекаме уште долго за да станеме дел од европското семејство.