February 6, 2023, 5:04 am

(Видео) Вардар се излеа во скопски Аеродром

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Вардар вчера се излеа во Аеродром зад Фондот за пензиско. Видеа од излевањето се објавени и на социјалните мрежи.

Канал 5 јавува дека пешачката патека беше целосно под вода, а таа стигнала и до велосипедската патека на кејот на Вардар.

Од Центарот за управување со кризи предупредуваа љуботните граѓани да не се доближуваат до надојдените реки бидејќи тоа може да биде опасно за нив.

Вардар се излева кај Аеродром и Острово

Posted by Angela Veselinovska on Monday, January 11, 2021

Нивото на Вардар е за трипати поголемо во Велес. Поради надојдените води по Вардар низ центарот на Велес пловеа стотици пластични шишиња, собрани од надојдените води на реката од бреговите долж реката.

Од УХМР вчера соопштија дека непрекинатите врнежи придонеле за зголемување на нивото на водата во реките, особено на река Вардар во горниот тек и нејзините притоки. Оттаму посочуваат дека е високо и нивото на реката Бабуна кај Богомила и далеку над просекот, но засега нема излевање. Високо е нивото и на реката Тополка во реонот на велешко.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This