дома Спорт (Видео) ВАРДАР СЕ САКА И КОГА ПOБEДУBA И КОГА ГУБИ: Погледнете како...

(Видео) ВАРДАР СЕ САКА И КОГА ПOБEДУBA И КОГА ГУБИ: Погледнете како “Комити” грмеа и покрај тоа што Вардар губеше со 14 разлика

Европскиот ракометен шампион Вардар го забележа првиот пораз во групната фаза од Лигата на шампиони, откако во Скопје беше поразен со високи 20:31 од германски Кил.

Иако Вардар одигра лошо, но и немаше среќа во нападот, па и покрај постигнатите само 4 гола во првото полувреме, на трибините “Комити” го бодреа до последната минута.

Спортската сала “Јане Сандански” грмеше со поддршка за вардарци и уште еднаш се покажа дека “Вардар се љуби и кога победува и кога губи”.

Со овој пораз Вардар сега се наоѓа на третото место во групата Б, а наредниот натпревар за црвено-црните е против Веспрем на гости на 19-ти овој месец.

Во продолжение погледнете ја пеколната атмосфера во “Јане Сандански”: