дома Занимливости (ВИДЕО): ВЕВЧАНЦИ СИ ТЕРААТ МАЈТАП СО „ДРЖАВАТА“

(ВИДЕО): ВЕВЧАНЦИ СИ ТЕРААТ МАЈТАП СО „ДРЖАВАТА“

Но, први по традиција василичарското оро го заводија зетот и невестата како симбол на плодноста и продолжувањето на семејството, ѓаволите олицетворение на злото и двајцата глупи августи кои ги штитат од злото.

Вевчанскиот карневал во суштина е обичај под маска, кој се нарекува „Свети Васиља“ (Василица). Се празнува на 13 и 14 јануари секоја година и е посветен на Св. Василиј Велики. На тој ден се дочекува новата православна година, а се испраќа старата. Инаку, тој е пагански обичај кој тука се сочувал сè до денешни дни. Учесниците во него се нарекуваат василичари. Тоа се маскирани поединци и групи од сите возрасти организирани по маала.