дома Македонија (Видео) ВИНОЖИТО СО ПОРАКА ДО МАКЕДОНЦИТЕ: Зборувајте го нашиот македонски јазик, кажете...

(Видео) ВИНОЖИТО СО ПОРАКА ДО МАКЕДОНЦИТЕ: Зборувајте го нашиот македонски јазик, кажете им дека сте Македонци, не плaшeтe се!

Партијата на Македонците во Грција, Виножите објави видео со кое ги повикува Македонците да се охрабрат, да не се плашат и на глас да зборат нивнит мајлин јазик, да се охрабрат да кажат дека се Македонци.

Мили Македонци, зборувајте им го нашиот македонски јазик на вашите деца. Кажете им дека се Македонци, не плашете се. Поддржувајте го македонското движење во Грција.Вака гласи дел од пораката на Партијата на Македонците во Грција, Виножито, која како членка на Европската слебодна алијанса (ЕФА – алијанса на партиите на малцинствата во Европа), на 26 мај ќе учествува на евроизборите во Грција.Партијата на Македонците ги помина сите бариери до Врховниoт cyд на Грција и Виножито ќе биде 40 партија која ги исполни условите за европските избори. За настапот на евроизборите Виножито подготви и видео спот, а пораката гласи: „Ако не кренеш глава не гледаш, Виножито не гледаш. На евроизборите на 26 мај гласаме за ЕСА Виножито. За една поинаква Грција, во една поинаква Европа. Мили Македонци, зборувајте им го нашиот македонски јазик на вашите деца. Кажете им дека се Македонци, не плaшeтe сe. Поддржувајте го македонското движење во Грција. Поддржувајте го Виножито“, гласи пораката од спотот.