дома Македонија ВИДЕО: Владата на Заев ги продаде Кирил и Методиј и Самоил

ВИДЕО: Владата на Заев ги продаде Кирил и Методиј и Самоил

Известувачот за Македонија во Европскиот парламент г-дин Илхан Ќучук во „10 Минути“ на ТВ21 посочи дека постигнат е договор за светите браќа Кирил и Методиј и Самоил, и додаде дека грeшка е што комисијата престанала со работа.

Тие разговори се тешки и ќе продолжат да бидат. Од една страна треба да бидат решение тешките историски проблеми кои се отворени, од друга страна треба да се гледа и за иднината. Мојот апел е следен. Да ги оставиме тие историчари во комисијата која не постигна малку во овој период, постигна согласност за Самоил, постигна согласност за светите браќа Кирил и Методиј. Според мене беше грешка поради предизборната ситуација во Северна Македонија комисијата да не функционира, да ја остави својата многу важна работа во втор план. По завршување на изборите двете комисии да седнат на едно место и да направат рамка за работа.