дома Европа (Видео) Вода до еден метар: Поплавен познатиот плоштад Свети Марко во Венеција

(Видео) Вода до еден метар: Поплавен познатиот плоштад Свети Марко во Венеција

Ретка летна поплава синоќа го потопи познатиот плоштад Свети Марко во Венеција до височина од еден метар вода.

Венеција честопати е погодена од поплави во есен и зима.

Катастрофалните поплави во ноември 2019 година предизвикаа стотици милиони евра штета. Поплавата, која се случи ноќта меѓу неделата и понеделникот, предизвика помала штета. Луѓе танцуваа на плоштадот со музика од пијано во вода, која стигна речиси до нивните колена, а некои туристи одеа боси во водата носејќи ги чевлите в раце.

Поплавите во Венеција се предизвикани од комбинација на фактори, кои ги влошуваат климатските промени, од покачување на нивото на морето до невообичаено високи плими и слегнување на почвата. Бариерата за поплави беше активирана првпат во октомври минатата година, но се користи само за потенцијално највисоките плими над 130 метри, па затоа сега не беше активирана.