дома Македонија (Видео) Вонредно соопштение: ВМРО-ДПМНЕ ги повика граѓаните на пpoтест против политичкото нacилство...

(Видео) Вонредно соопштение: ВМРО-ДПМНЕ ги повика граѓаните на пpoтест против политичкото нacилство од страна на СДСМ во Делчево

Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ доцна вечерва излегоа со кратко вонредно соопштение.

Од опозицијата во Делчево ги повикаа граѓаните на пpoтестен караван со автомобили по улиците низ градот за утре вторник (30.06.2020 година) со почеток во 19.30 часот. Пpoтестот се организира како одговор на политичкото нcaилство кое што според опозиционата ВМРО-ДПМНЕ го прават активисти и функционери на СДСМ врз политичките неистомисленици.

Како хронологија на овој перманентен притисок кој што опозициската ВМРО-ДПМНЕ го трпи во Делчево и причина за овој протест од опозицијата ги наведуваат настаните со кршење на шофершајбната на семејното возило на родителите на кандидатот за пратеник Драган Ковачки како и денешниот инцидент на следење на кандидатката за пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ Христина Смилевска.

Видеото можете да го погледнете ТУКА

Извор Брегалнички.мк