дома Актуелно (Видео) Во живо: Пријава за бomбашки нaпад во Скопје

(Видео) Во живо: Пријава за бomбашки нaпад во Скопје

Најава за терористичи напад вечерва ја крена полицијата на нозе.

Според првичните информации се рабoти за дојава за поставена бомба во Македонскиот народен театар. Улиците што водат кон МНТ се затворени, а центарот на градот е под полициска опсада.

Полицијата постапува по пријава за напад, откако едно лице се јавило во 16:45 во билетарата на МНТ, информираа од МВР.

– Станува збор за стандардни мерки на МВР после ваква добиена пријава и веднаш штом ги завршиме проверките и веродостојноста на информацијата ќе ја известиме јавноста соодветно. Апелираме граѓаните да останат смирени, а медиумите да ги пренесуваат официјалните и точни информации, наведуваат од МВР.

Неколку објекти меѓу кои и зградата во која се сместени МИА, СЕП, ДКСК, Финансовата полиција, Инспекторатот за животна средина, вечерва се евакуирани. На вработените им е кажано веднаш да излезат од објектите.

Испразнети се и зградите на А1, на МНР и соседните објекти во центарот на Скопје.

Полицијата не дозволува движење на луѓе и возила кон Мавровка, МНТ и МРТ, а блокирани се и околните улици и крстосници. Забележливо е зголемено присуство на полицијата и полициски возила.