дома Македонија (Видео) Во МОН пpeoвлaдyвa cтaвoт за физичкo пpиcycтвo на yчeницитe, но сè...

(Видео) Во МОН пpeoвлaдyвa cтaвoт за физичкo пpиcycтвo на yчeницитe, но сè зaвиcи од eпидeмиoлoшкaтa cocтojбa

Сè уште нема конечна одлука за тоа како ќе се организира наставата во учебната 2020/2021. Продолжуваат консултациите меѓу Министерството за образование и Комисијата за заразни болести, соопшти министерот за образование Арбр Адеми. Тој не ја исклучи можноста и за пролонгирање на учебната година.

Адеми на прес-конференција информира дека се разгледуваат три модели: физичко присуство, онлајн настава и комбиниран модел.

Во МОН преовладува ставот за физичко присуство на учениците, но сè зависи од епидемиолошката состојба.

Нашиот став е јасен, но пред сè е важно здравјето на децата, истакна Адеми.
Тој рече дека е можно физичко присуство на учениците само во оние места во кои тоа го дозволува епидемиолошката состојба.

Видео линкот може да го погледнете тука.