дома Македонија ВИДЕО: Во НАТО ќе нѐ претставува амбасадор за кого 450.000 Македонци се...

ВИДЕО: Во НАТО ќе нѐ претставува амбасадор за кого 450.000 Македонци се „најголемото злo“

Дане Талески е предлог за амбасадор на Македонија во НАТО, потврдуваат извори од Владата. Владата во четврток на седница ќе го потврди кандидатот за амбасадор во НАТО.

Неофицијално за Талески се согласиле и министерот за надворешни работи, Никола Димитров и претседателот Стево Пендаровски.

Талевски неодамна го навлече гневот на граѓаните на социјалните мрежи откако на емисијата „Само Вистина“ во која дебатираше со Тимчо Муцунски ги навреди гласачите на ВМРО-ДПМНЕ.

Конкретно тој изјави дека „најголемата партија во Македонија и нејзините 450.000 гласачи се најголемо зло” (21:30 од видеото).