дома Локално (ВИДЕО) ВО ЧАИР СЕ ВОДИ ОРО ЗА ВРЕМЕ НА ПОЛИЦИСКИ ЧАС

(ВИДЕО) ВО ЧАИР СЕ ВОДИ ОРО ЗА ВРЕМЕ НА ПОЛИЦИСКИ ЧАС

На социјалните медиуми можеа да се прочитаат коментари дека за време на утринската прослава можеле да се слушнат пукотници од огномети, но и од огнено оружје во речиси сите делови на Скопје каде што се празнувало.

По 30 дневниот пост, денеска во Македонија припадниците на исламската вероисповед го празнуваат Рамазан Бајрам, а жителите на скопската населба Чаир со зурли и тапани играат оро на сред улица.

И покрај тоа што е воведен полицискиот час кој започна во 11 часот и ќе трае до вторник до 5 часот наутро, тоа не ги спречи чаирчани да се расположат со музика и да го прослават празникот.

Прославата на празникот Рамазан Бајрам започна некаде околу 6 часот утрината, кога во верските храмови беа собрани верниците на ја проследат молитвата, а веднаш потоа започнаа и со прославата на празникот. На социјалните медиуми можеа да се прочитаат коментари дека за време на утринската прослава можеле да се слушнат пукотници од огномети, но и од огнено оружје во речиси сите делови на Скопје каде што се празнувало.