дома Свет (Видео) Вучиќ и целиот вoeн врв пристигна во вoeна база во Рашка

(Видео) Вучиќ и целиот вoeн врв пристигна во вoeна база во Рашка

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, пристигна во Рашка на итен состанок со претставниците на Србите во Косово и Метохија.

Вицепремиерот и министер за одбрана Небојша Стефановиќ и началникот на Генералштабот на армијата на Србија генерал Милан Мојсиловиќ пристигнаа во Рашка, каде ќе присуствуваат на состанокот со српскиот претседател Александар Вучиќ и претставници на Србите од Косово и Метохија.

Вучиќ се одлучи на тој потег откако косовската полиција го нападна северниот дел на Косовска Митровица, а Србинот кој беше застрелан во градите беше тешко повреден во Звевачани, велат од кабинетот на Вучиќ.

Средбата ќе се одржи во 15 часот во касарната, а претходно, претседателот ќе посети некои други локации.