дома Балкан (видео) ВУЧИЌ: Нема да си играм со консултативен референдум како во Македонија,...

(видео) ВУЧИЌ: Нема да си играм со консултативен референдум како во Македонија, ќе ја почитувам волјата на граѓаните!

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ истакна дека ниедно решение за Косово и Метохија нема да постои, доколку мнозинството од народот не го прифати.

„Јас нема да си играм како во Македонија со консултативен референдум на кој народот ќе каже дека е против, а во Собранието да се изгласа тоа. Мислам дека тоа е добар договор за нив, го поздравив, но начинот на кој е тоа изведено, јас не би го направил“, истакна Вучиќ во интервјуто за ТВ Хепи.