дома Свет (Видео) Голема ekcплозија во хемиска фабрика во САД

(Видео) Голема ekcплозија во хемиска фабрика во САД

Експлозија во хемиска фабрика во САД во северниот дел на Илиноис денеска предизвика огромен пожар и висок густ црн чад, по што беше наложена евакуација на областа.

Спасувачките служби се упатиле кон местото на експлозијата утрово во 7.30 часот по локално време, во Роктон, северозападно од Чикаго, до компанијата „Кемтул“, која произведува индустриски лубриканти, производи од маснотии и застоени течности, објави АП.

Чадот беше толку голем што го зафатија метoролошкиот радар, па во 8.46 часот, полицијата во Роктон мораше да прогласи состојба на готовност, наредувајќи да се евакуираат сите што живеат или работат во близина на фабриката.