дома Македонија (Видео) ГО ФАТИВМЕ ЖИВ: Независниот Арсовски на консултации во Влада

(Видео) ГО ФАТИВМЕ ЖИВ: Независниот Арсовски на консултации во Влада

Клучната вечер, пред Зоран Заев да ја одржи прес конференцијата во Владата на Република Македонија во врска со неговата одлука по дебаклот во Брисел со недобивањето на датум за преговори со Европската Унија сите очи беза свртени кон Владата на Република Македонија. Токму оваа вечер камерата на Инфомакс го сними „независниот“ аналитичар Петар Арсовски како влегува во Владата на Република Македонија на консултации, многу веројатно кај премиерот Зоран Заев бидејќи тој беше последниот кој ја напушти зградата.

Откако го снимивме Арсовски како ја влегува во Владата, наредниот ден Зоран Заев најави предвремени парламентарни избори па многу е веројатно дека „независниот“ е оној кој го советувал на ваквиот чекор.

Арсовски во изминатите 3 години се „шалта“ од телевизија на телевизија глумејќи независност, а впрочем застапувајќи ги политиките на власта предводена од Зоран Заев. Токму тој ги убедуваше македонските граѓани пред референдумот за промена на името на речиси секоја телевизија дека треба да излезат и да гласаат, велејќи дека промената на името ги отвора вратите кон ЕУ. Откако Македонија не доби датум за преговори Арсовски го правдаше Заев дека тој не е виновен што нашата држава не доби датум. Еве како впрочем Петар Арсовски „креира јавно мислење“ во консултации со власта.