дома Европа (Видео) Гoлeмo нeвpeмe вo Полска: Иcкpшeни пoкpивитe нa нaд 200 кyќи, пoвeќe...

(Видео) Гoлeмo нeвpeмe вo Полска: Иcкpшeни пoкpивитe нa нaд 200 кyќи, пoвeќe oд 100 илjaди лyѓe ocтaнaлe бeз eлeктpичнa eнepгиja

Изминатите неколку дена Полска ја зафати силно невреме проследено со поплави и голема материјална штета.

Противпожарните служби излегле на интервенција повеќе од 5.000 пати низ целата земја од веравечер до денеска наутро, изјави за ТВН24 портпаролот на противпожарната служба.

Искршени биле покривите на околу 200 куќи, претежно во покраината Лоѓ, која била особено сериозно погодена. Голем број луѓе морале да испумпуваат вода од подрумите. Повеќе од 100.000 луѓе се привремено без електрична енергија.