дома Актуелно (Видео) Давидовиќ: УБК го пapaлизираше системот на МВР на 27 април

(Видео) Давидовиќ: УБК го пapaлизираше системот на МВР на 27 април

Aдвокатот Ѕвонко Давидовиќ, во своето гостување во емисијата „Неделен брифинг“ со Сотир Костов на Инфомакс, зборувајќи за настаните од 27 април, коментираше дека УБК го пapaлизираше системот на МВР на 27 април со цел да спроведе некоја своја акција, за која настрадаа трети лица.

„Според доказите кои ги има во предметот, и според она што беше кажано и изјавено, по мое мислење, сметам дека структурите на УБК, не сите, не можам да кажам сите, буквално направиле парализирање на системот на МВР за да спроведат некоја своја акција од некои нивни причини и на крај да се тргнат од местото на настанот и да настрадаат други со исклучително високи казни. Доказ е радио станицата којашто е најдена таму.“, потенцираше Давидовиќ, додавајќи дека целокупната ситуација никогаш не беше расчистено до крај.

Давидовиќ посочи на дел од сведочењето на Горан Грујевски, кога тој ги повикал

Горан Грујевски, кој е висок функционер во УБК, седејќи кај Прометеј заедно со Нинџа, му кажува на Никола Бошковски, повлечи ги нашите луѓе кои се поткачулки од собрание, некој друг ја презема командата. Овој факт и фактот што е најдена радиостаница која не е во системот на врски на МВР, ми дава за право ваков заклучок да извлечам“, нагласи Давидовиќ.

„“

Емисијата во живо можете да ја следите ТУКА