дома Балкан (ВИДЕО) ДАЧИЌ МУ ЈА ЗАПЕА ,,ОСМАН АГА“НА ЕРДОГАН: Муфтијата му пришол и...

(ВИДЕО) ДАЧИЌ МУ ЈА ЗАПЕА ,,ОСМАН АГА“НА ЕРДОГАН: Муфтијата му пришол и му дал бакшиш. 

 На вечерата која претседателот Вучиќ ја приреди во чест на својот турски колега Ердоган, српскиот министер за надворешни работи повторно ги демонстрираше своите пејачки способности.
По настапите пред амбасадорите со „О соле мио“, пред партиските истомисленици со„Миљацка“ и „концертот“ со грчки и српски песни за наставничките во Паралија, Дачиќ среде вечерата го зеде микрофонот и почна да пее на турски јазик, што предизвика воодушевување кај присутните, над сто турски бизнисмени кои му аплаудираа во тактот на музиката.

Турскиот претседател изгледаше малку изненаден, но и тој се приклучи на аплаудирањето, додека српскиот претседател Александар Вучиќ за цело време на настапот на неговиот министер се смееше.