дома Балкан ( Видео) Делови на Хрватска парализирани поради студот: Сплит без вода и...

( Видео) Делови на Хрватска парализирани поради студот: Сплит без вода и струја, Дунав и Драва веќе замрзнаа

Од сплитскиот водовод велат дека се на терен и ја санираат штетата и дека овој проблем може да потрае и во наредните денови. Студот не го заобиколи ниту истокот на Хрватска, а хрватските власти веќе започнаа со изрекување на мерките за справување со студот и замрзнувањето на реките Дунав и Драва.

Метереолозите најавуваат студот да трае и во наредните денови со што би можело уште повеќе да замрзнат површините на овие две реки, додека опасност од поплави и истекување на овие реки се уште нема, велат од локалните власти.

Хрватскиот водовод има и дополнителен проблем со мерењето на температурата на водата, бидејќи опремата е  стара и брзо се расипува и тие апелираат до населението да се воздржи и дека податоците кои ќе ги објавуваат тие нема во целост да бидат точни.