дома Актуелно (Видео) Дефинитивно пожapoт излегува од контрола: Снимка од бензиската на Макпетрол на...

(Видео) Дефинитивно пожapoт излегува од контрола: Снимка од бензиската на Макпетрол на граничниот премин Богордица

Од околу 14 часот гори и борова шума во близина на граничниот премин Богородица, непосредно над едно од тамошните познати Казина, во чија близина исто така има и бензиска пумпа.

Пожарникарски екипи од Територијалната противпожарна единица Гевгелија со возила и пожарникари излегоа на терен и се борат да се справат со огнот кој поради правецот на дување на ветерот веќе ја зафати боровата шума со интенција да се шири во правец на граничната караула на АРМ, хотелот „Фламинго“ и кон граничниот премин Богородица.

На помош на пожарникарите им се приклучија и екипи од јавното комунално претпријатие „Комуналец“ од Гевгелија. Со заеднички напори присутните на терен се обидуваат да го локализираат пожарот и да го спречат неговото ширење кон наведените објекти и преминување на грчка територија.

Информациите од социјалните мрежи говорат дека пожарот се уште не е ставен под контрола, а како што се гледа на видеото пожарот е во непосредна близина на бензиската пумпа, што претставува сериозна закана од експлозија.