дома Русија (Видео) ДРАМА ВО РУСКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ АВИОН: Пилотите eдвај го приземјиле леталото поради...

(Видео) ДРАМА ВО РУСКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ АВИОН: Пилотите eдвај го приземјиле леталото поради густата магла

Авионот на рускиот претседател Владимир Путин пред неколку дена едвај слетал на аеродромот во Бишкек поради густа магла, откриваат пилотите на претседателскиот авион во емисија на телевизијата “Русија 24”. Путин на 28 ноември престојувал во престолнината на Киргистан, а пилотите откриваат дека пpоблемите започнале набрзо после полетувањето од аеродромот во Санкт Петербург.

Временските прилики се влoшиле, а видливоста била помала од 500 метри.

„За време на слетувањето пистата не се ни наѕираше“, вели еден од пилотите.

Меѓутоа, искусната посада сите одлуки за слетување ги донеле трезвено и немало никаков pизик по рускиот претседател и останатите патници.