дома КОВИД-19 (Коронавирус) (Видео) Дo кaдe дojдe cвeтот…: Учeничкa вo САД yaпceнa бидejќи oдбилa дa...

(Видео) Дo кaдe дojдe cвeтот…: Учeничкa вo САД yaпceнa бидejќи oдбилa дa нocи мacкa – yчилиштeтo кoe гo пoceтyвaлa e зaтвopeнo

Шеснаесетгодишна средношколка од Вајоминг (САД) е уапсена, а училиштето што го посетувала е затворено бидејќи одбила да носи маска за лице против коронавирус, соопштија светските агенции.

Снименото видео покажува како ученичката Грејс Смит се состанува со училишните службеници и полицајци кои се појавија пред вратата на средното училиште Ларами во Вајоминг.

Смит веќе имала одлежано две последователни казни за одбивање да носи маска на час, како што бара училишниот одбор, и повторно се обидела да влезе во зградата без маска.

Таа е казнета со 500 американски долари, а потоа со лисици на рацете и уапсена за одбивање доброволно да го напушти училиштето, пренесуваат агенциите.