дома Спорт (Видео) ЕВЕ КАКО БЕШЕ НА МАРАКАНА: Прославата на 30-та титула од Црвена...

(Видео) ЕВЕ КАКО БЕШЕ НА МАРАКАНА: Прославата на 30-та титула од Црвена Ѕвезда

Старо новиот шампион на Србија, Црвена Ѕвезда, ја прослави 30-та титула за три ѕвездички на дресот во наредната сезона.

На Маракана црвено-белите триумфираа против Напредок со 3:0, а потоа започна славењето со песна на навивачката група Делии.

Црвена Ѕвезда оваа сезона ја заврши со 60 освоени бода, и тоа после губење на половина од поените поради плеј оф фазата која се игра во Српската фудбалска лига.

Во наредната сезона Ѕвезда одново ќе игра квалификации за Лига на шампиони.

Погледнете како изгледаше атмосферата на фудбалскиот стадион “Маракана” за време на доделувањето на титулата: