дома Занимливости (ВИДЕО) ЕДНA ОД НAЈИГРAНИТE BИДEО ИГPИ НА STEAM ПЛAТФOРМAТA: Counter Strike Global...

(ВИДЕО) ЕДНA ОД НAЈИГРAНИТE BИДEО ИГPИ НА STEAM ПЛAТФOРМAТA: Counter Strike Global Offensive pуши рeкoрди на игрaноcт

Counter Strike: Global Offensive е попопуларна сега, отколку кога излезе во текот на 2012-та година.

CS:GO веќе со години е една од најиграните видео игри на Steam платформата, а голем „вeтaр во грб“ оваа игра доби со преминувањето на free-2-play моделот.

Откако играта стана бесплатна, популарноста на играта драстично порасна, а во изминатите месеци бил забележан рекорден број на играчи.

SteamCharts, задолжени за следење на активностите на игрите на платформата на Valve, забележале просечен број на играчи кои дневно ја играат играта од дури 400 илјади.

Покрај тоа што е бесплатна, оваа игра ја популаризираат и враќањето на одредени познати мапи, освежувањето на дизајнот на постоечките мапи, како и големиот број на турнири кои константно се одржуваат.