дома Свет (Видео) Еpyптиpaшe вyлкaнот во Јава: Чaдoт и пeпeлтa „лeтнaлe“ peчиcи 6 килoмeтpи...

(Видео) Еpyптиpaшe вyлкaнот во Јава: Чaдoт и пeпeлтa „лeтнaлe“ peчиcи 6 килoмeтpи вo aтмocфepaтa

На индонезискиот остров Јава денес проработи вулканот Семеру и исфрли чад и пепел на висина од 5,6 километри во атмосферата, стои во извештајот на агенцијата за геологија при министерството за енергетика на Индонезија.

Ерупцијата на вулканот Семеру започнала во 17 часот по локално време, а на видео снимките објавени на социјалните мрежи може да се види како над куќите надвиснуваат облаци на сив пепел, пренесува британската новинска агенција „Ројтерс“.

Неодамна и други вулкани на Јава и Суматра покажаа знаци на зголемена геолошка активност.

Во Индонезија има околу 130 активни вулкани, повеќе од било која друга земја во светот.