October 6, 2022, 3:03 am

(Видео) Жecтoк сyдиp на Цeтиње, шoк бomби и пyкaњe

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Црногорската полиција почна денес рано наутро акција за разбивање на протестите на Цетиње против устоличувањето на митрополитот на Српската православна црква Јоаникие така што со солзавец ја разби групата демонстранти кои се наоѓаа на централниот плоштад на историската црногорска престолнина.

Акцијата на полицијата почнала во 6 часот наутро, а медиумите во Подгорица пренесуваат дека полицијата користела солзавец и шок бомби за да ја разбрка групата од неколку стотици демонстранти кои од зората се собрале на централниот плоштад. Тие на полицијата фрлале камења и шишиња, а фрлен е и молотов коктел.

Вучиќ: Добро е што владата го смени ставот

Претседателот на Србија Александар Вучиќ кажа дека е добро што владата на Црна Гора го сменила ставот и дозволила да се одржи устоличувањето на митрополитот Јоаникие.

„Цетиње е место каде што постои изразена омраза кон сите кои припаѓаат на други народи освен на црногорскиот, но дури не би кажал дека тоа е вистинска омраза туку дека е поттикната од делата на политичарите“, кажа Вучиќ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This