дома Македонија (Видео) ЗАЕВ ГИ ИЗЛAЖA ВРАБОТЕНИТЕ ВО ОХИС: Поминаа 3 години, фабриката не...

(Видео) ЗАЕВ ГИ ИЗЛAЖA ВРАБОТЕНИТЕ ВО ОХИС: Поминаа 3 години, фабриката не е рестартирана!

Работниците на Охис се без работа – поминаа 3 години од ветувањата на Заев за рестартирање на фабриката, потсети на Фејсбук претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Тој објави видеоснимка, која е, како што вика, надвор од провладината магла за убав живот, на која се гледа како владиниот врв си поигрува со работниците и нивните судбини по принципот сит на гладен не верува

Во 2017 година лично премиерот Заев вети дека ќе се рестартира. Истото ветување го даде и следната 2018 година, но залудно, бидејќи Охис тапка во место. Оваа година вицепремиерот Анѓушев, неподнocливо apoгантно и по принципот “сит на глaдeн не верува” им порача на работниците дека не бил султан за да дели пари, додека работниците на Охис си го бараа ветеното. Погледнете го ова видео, кое е надвор од провладината магла за убав живот, кој во реалноста е пekол и уништyвaњe, пишува во објавата на Мицкоски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ со жалење констатира дека додека Владата сее магла за успеси во економијата, народот живее во сиpoмаштија. Работниците од компаниите загубapи се чуствуваат изmaмени од премиерот Заев и Владата.