дома Македонија (Видео) Заев пристигна во Турција

(Видео) Заев пристигна во Турција

Премиерот Заев Зоран веќе слета во Република Турција, каде е во посета на покана на претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган. Тој заедно со министерот за здравство Филипче беа пречекани од заменик-гувернерот на Истанбул Зекерија Гунеј.

За во текот на денот е најавена работна вечера со претседателот Ердоган.

Се очекува да се разговара за повеќе области од заеднички интерес, како економијата, трговијата, здравството, како и за други теми од заеднички интерес.