дома Социјални Мрежи (Видео) ЗАЕВ СПРЕМЕН „ПАК ДА ГО БАЦИ ПЕНКАЛОТО“: Му се прикpaде на...

(Видео) ЗАЕВ СПРЕМЕН „ПАК ДА ГО БАЦИ ПЕНКАЛОТО“: Му се прикpaде на Трамп од зад грб за да го фотографираат и да остварат „средба“

Зоран Заев очигледно е подготвен повторно фигуративно кажано „да го баци пенкалото“. Камерите го фатија Заев како му се шуња од зад грб на американскиот претседател Доналд Трамп за да „оствари“ кратка „средба“ за која пренесуваа повеќето провладини медиуми.  Погледнете како изгледаше сето тоа:

 

 

Македонската иднина е гарантирана со вакви сојузници. Безбедни, сигурни и стабилни учествуваме во сите глобални и демократски процеси кои светот го движат напред. Северна Македонија е 30-та земја членка на НАТО, тоа носи просперитет и сигурна иднина за сите наши граѓани, за сите наши деца, напиша Заев на Фејсбук.