дома Македонија (Видео) Заев: He пocтoи тaквo нeштo дa cи лeгнeтe кaкo Бугари и...

(Видео) Заев: He пocтoи тaквo нeштo дa cи лeгнeтe кaкo Бугари и дa ce paзбyдитe кaкo Македонци

Запрашан за развојот на македонско – бугарските односи премиерот Зоран Заев е дециден:

-На најпластичен начин кажав за да може да се разбереме. Не постои такво нешто да си легнете како Бугари и да се разбудите како Македонци. Владата не преговарала за македонскиот јазик и идентитет. Тоа е загарантирано со универзалните права на Македонците. Историчарите ќе најдат решенија, рече Заев.

Тој нагласи дека уште вчера исконтактирал со Љубчо Георгиевски во врска со неговата „понуда“ на решенија за проблемот со Бугарија:

-Му кажав дека тоа не може да биде став на Владата бидејќи неговата партија е во коалиција со нас, рече Заев.

Во однос на решението да се добие државјанство од тројца сведоци, Заев рече дека тоа не е возможно.

-Може со едно сведителство ама не со сведоци. Мора да има докази и аргументи, рече Заев.

Во врска со превирањата во албанскиот коалиционен партнер во владата, Заев рече дека пратеничката група на ДУИ е компактна.

-Драго ми е што се решени проблемите. Никој не зборува за ротација на министри од ДУИ во владата, нагласи Заев.Одговарајќи на новинарско прашање за изјавата на претседателот на МАНУ за укинувањето на катедрата за македонски јазик Заев одговори:-Оваа година одбележуваме 100 години од Катедрата за македонски јазик. Не е точно дека ќе се укинува катедрата за македонски јазик. Ние ќе работиме на промоција на македонскиот јазик, дури и за нашинците во странство. Се обидуваме преку модерната технологија да им го приближиме јазиот на децата на нашите иселеници, рече Заев.

Видео линкот може да го погледнете ТУКА.