August 18, 2022, 11:21 pm

(Видео) Зakaни од влacтa за затвop дo 5 гoдини -Macoвeн бojкот на попиcoт вo CAД, Kaнада и Aвcтpaлиja

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На денешната прес-конференција во Владата, на која во врска со пописот се обратија владините портпароли, како и претставничка од Државниот завод за статистика, беа соопштени бројките за тоа колку граѓани се попишале во различните држави и континенти.

Распределбата на попишани државјани на Македонија во странство е следната:

– Швајцарија: над 45.000

– Германија: над 31.000

– Италија: 19.000

– САД: 5.110

– Австралија: 1.682

– Канада: 1.215

Денеска се одржаа две прес-конференции, една партиска од страна на СДСМ, како и друга во Владата, каде се обратија портпаролите, Арсовски и Хоџа заедно со претставник на ДЗС, Ѓоргиева.

Некои од првите пораки кои беа истакнати на овие прес-конференции, беа дека агитирање за бојкот на пописот или едноставно неотворање врата на попишувачите, можат да доведат до кривични и прекршочни пријави, кои се движат од парични казни па се до казна затвор од 1 до 5 години.

Пописот е граѓанска обврска и таа е регулирана со закон, а повикување на бојкот е кривично дело, изјави денеска на прес-конференција владиниот портпарол Душко Арсовски. Тој рече дека тоа е утврдено со членот 387 од Кривичниот законик и дека санкциите можат да бидат парични, но и со затворска казна од една до пет години.

Портпаролот Арсовски го цитираше и членот 387 од Кривичниот законик:

„Тој што ќе организира други на отпор или на непослушност спрема законити одлуки или мерки на државен орган, ќе се казни со парична казна или со затвор до три години. (2)Ако поради делото од став 1 дошло до неспроведување или до значително отежнување на спроведувањето на законита одлука или мерка на државен орган или делото го стори како водач на група, сторителот ќе се казни со затвор од една до пет години”.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This