дома Социјални Мрежи (Видео) Илиевски за Заев: „Каков цреп, на се шо се случуват, уште...

(Видео) Илиевски за Заев: „Каков цреп, на се шо се случуват, уште се зезат, чудо на природата“

Богдан Илиевски ја коментира изјавата на Зоран Заев, кој наместо да одговори на поставено пратеничко прашање каде е бил Сашо Мијалков додека беше во бегство, почна да се шегува од собраниската говорница.

Па, најискрено МЕНЕ срам ме фаќат ко ќе го гледам, жими све. Чудо, чудо на природата.

На се шо се случуват, уште се зезат. На сите им е јасно колку е сатот, тој се зезат. На сета мака, тој се зезат. На сета одговорност, нему му е смешно. Леле бе, каков цреп бе, леле бе….

Ало бре, па народ се „зезаше“ на темата пошто знае колку е тажна реалноста и мора преку хумор да ја канализира емоцијата, за да не се преточи во резигнација, бес, лутина, тага, депримираност.

А тој, најодговорниот за се, „се зезат“ бидејќи немат контакт со реалноста, не мојт да е друго (а да е неклиничко). Леле бе, леле каков резил, каков срам. Срам, срам, срам, срам осеќам што живеам во ова време.

Ау, каков резил… – коментира Богдан Илиевски.