February 6, 2023, 3:38 am

(Видео) Илјадници луѓе во Брисел демонстрираа против засилените ковид мерки

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Илјадници демонстранти излегоа денеска на улиците во центарот на Брисел за да искажат незадоволство од засилените ограничувачки мерки против ширењето ковид-19, воведени од белгиската влада за да се спротивстави на скокот на инфекции и појавата на новата, загрижувачка варијанта омикрон.

Голем број полицајци во пресрет на демонстрациите беа организирани на улиците, откако претходните два протести беа насилни, со голем број уапсени и повредени лица.

Демонстрантите, некои со транспаренти „Слободна зона“ и „Доста е, доста“ и „Добив своја фер доза“, протестираат против силните препораки на владата за вакцинирање на населението, вклучително и здравствените работници, кои ќе имаат рок од три месеци да се вакцинираат против коронавирусот или ризикуваат да ги загубат своите работни места.

Протестите во Белгија се одржуваат ден по демонстрациите во другите главни градови, вклучувајќи ги Париз и Лондон. Земјите низ Европа повторно почнаа да воведуваат построги мерки за да се запре најновиот бран на инфекции со ковид-19 поттикнат од новиот, високо пренослив сој омикрон. Холандија предводи со воведување „затворање“ на целата територија.

Светската здравствена организација неделава објави дека варијантата омикрон е евидентирана во 89 земји, а бројот на случаи на инфекција со ковид-19 со овој сој се удвојува на секои ден и пол до три дена.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This