дома Балкан (Видео) Инцидeнти на пpoтеcтот во Сoлун – зaдoлжитeлната вaкцинaција ги извaди ...

(Видео) Инцидeнти на пpoтеcтот во Сoлун – зaдoлжитeлната вaкцинaција ги извaди Гpцитe на yлица

Кусо пред почетокот на говорот на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во рамките на Меѓународниот саем во Солун, во центарот на градот се случија инциденти меѓу демонстрантите и полицијата на протестот против вакцината и задолжителната вакцинација, јави дописничката на МИА од Атина.

Попладнево во Солун, се одржаа шест различни протести, на различни локации, организирани од синдикатите, од левичарско – анархистички организации, но и од антиваксерите, а ангажирани се над 5.000 полицајци.

Протестите завршија мирно, со исклучок на оној против вакцината и задолжителната вакцинација.

Демонстрантите ја нападнаа полицијата со камења, предмети и молотови коктели, по што полицијата интервенираше со солзавец, шок бомби и топови со вода, а инцидентите траеја кусо.

Меѓународниот саем во Солун се одржува традиционално секоја година во септември и е домаќин на странски изложувачи, со учество на земји од целиот свет, странски и домашни политичари и слично, а официјалното отворање е со говор на премиерот на Грција, кој ја соопштува владината програма и следните планови.

Традиционално, на првиот ден од саемот синдикатите одржуваат протести.

Саемот започна денеска и ќе трае до 19 септември.

Видеото можете да го погледнете тука.