дома Македонија ВИДЕО: Како на видео игра – Карачиќ со МАГИЧНА асистенција за Столе!

ВИДЕО: Како на видео игра – Карачиќ со МАГИЧНА асистенција за Столе!

Игор Карачиќ беше неизвесен, многумина стравуваа дека нема да игра во финалето на ЛШ со Веспрем, меѓутоа Хрватот се најде во составот и максимално ја користи секоја секунда мината на теренот во „Ланксес Арена“ во Келн.

Бекот блеска во дуелот со Веспрем, а во еден момент, подели екстра-асистенција, исто како на видео игра. Карачиќ со леснотија ги исфрли своите чувари, а тие очекуваа тој да шутира. Но, тој се спушти на земја, го проигра Стоилов, кој погоди. Асистенцијата беше во стилот на неговиот сонародник, Ивано Балиќ.

Вардар игра фантастично во првото полувреме, има висока предност против Веспрем и е на добар пат повторно да ја израдува Македонија со европско злато.

Погледнете ја фантастичната асистенција на Карачиќ: