December 8, 2022, 6:39 am

(Видео) Кандидатот за лидер на СДCM ги покажува своите бopeчки вeштини

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Кумановци добро го познаваат Властимир Алексовски, најновиот кандидат за лидер на СДСМ. Познат како Ваце Мува, тој е легенда низ кумановските улици. Откако ја најави својата кандидатура за претседател на СДСМ за вонредните внатрепартиски избори кои ќе се одржат на 12 декември, на социјалните мрежи кумановци споделуваат постари видеа од Алексовски, меѓу кои и оваа каде тој ги прикажува своите боречки вештини.

Алексовски е долгогодишен член и активист на СДСМ од општинската организација на партијата од Куманово.

Вели се одлучил на овој чекор бидејќи состојбите во партијата не се добри.

Со самото кандидирање на Максим Димитриевски се виде дека некои работи не одат како што треба. Направив програма за период 2021-2025 со слоган „Искрено, посветено во служна на граѓаните и нашата татковина Република Македонија.“ По вокација сум магистер, професор во физичко образование. Со партиска книшка сум од времето на Бранко Црвенковски. Со сите раководни структури се познавам, вели Алексовски во изјава за „Сител“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This