дома Занимливости (Видео) КАРЛЕУША ГОРДА НА СВОЈОТ УЧЕНИК: Mартинијан со песна од Влатко Лозаноски...

(Видео) КАРЛЕУША ГОРДА НА СВОЈОТ УЧЕНИК: Mартинијан со песна од Влатко Лозаноски растури во „Ѕвездите на Гранд“!

Во саботното издание на „Ѕвездите на Гранд“ настапуваше и веќе добро познатиот 22 годишен Мартинијан Кириловски од Куманово.

Во првиот круг Мартинијан се покажа во одлично светло, па веднаш ја доби довербата од жирито, а како ментор ја одбра Јелена Карлеуша.

Во таа прилика таа истакна дека тој ќе биде голема ѕвезда и дека многу кандидати не стигнале до финалето, но биле големи ѕвезди.

Во последната емисија тој се претстави со песните „Километри“ од Влатко Лозаноски и „Милиметaр“ од Жељко Јоксимовиќ.

Додека Мартинијан настапуваше, Карлеуша и Поповиќ се забавуваа и играа.

Кумановецот освои вкупно шест гласа и со тоа директно помина во следниот круг.

„Каков талент, каква енергија, какво момче. Браво Македонија.Добро момче, добра енергија, добро изгледа. Ги имаш сите предиспозиции да ова сцена биде твоја до крајот на животот. “ викаше Карлеуша во студиото на „Гранд“.
Како Мартинијан ќе се претстави во следниот круг и дали повторно ќе го освои жирито останува да видиме.

Неговиот настап може да го погледнете во видеото подолу на 02ч и 1о мин.

https://www.youtube.com/watch?v=Sj9waYl1hdE